Актива Петрол

Актива Петрол е компанија основана во 2007 година со седиште во Скопје, Македонија. Основна деловна активност на компанијата е трговија со нафта, нафтени продукти и горива за транспорт и веќе е докажан бренд во нејзиното поле, првенствено поради високиот квалитет на горивото и одличната услуга кон клиентите. Актива Петрол е една од најмодерните бензински пумпи во државата, и се наоѓа на најфреквентната магистрала која ги поврзува Скопје со Приштина, преку обиколницата лесно се
поврзуваме со сите најголеми градови во Македонија, а воедно е позиционирана во една од најголемите индустриски зони, со преку 400 компании кои се наши секојдневни клиенти.

За нас, најважна е вашата безбедност и комфор при возење, затоа, со сопствени технички опремени танкери кои се целосно во согласност со важечките прописи, ги носиме најквалитетните горива кои се нудат од светски познати брендови од Грција ( Shell, JetOil, Helenic petroleum)