За нас

Актива е основана во 2000 година како семеен бизнис на семејството Алиу од Скопје. Нејзината деловна активност ја започнува станувајќи ексклузивен дистрибутер на производите Сиденор од Грција, почитуван бренд во светот на градежништвото и сертифициран за квалитетот на нејзините производи. Подоцна, Еуро Актива станува ексклузивен дистрибутер на Курум Холдинг во Албанија, и многу други производи од разни компании од сферата на градежништвото. Денес, Еуро Актива е позната како лидер во снабдување со железни градежни материјали, покривајќи 50% од вкупната побарувачка на пазарот во Македонија. Денес, компанијата брои 60 постојани вработени.Покрај деловната активност, Еуро Актива е компанија со висока социјална одговорност. Доказ за тоа е постојаната поддршка на хуманизмот, културата и спортот. Безбројни се случаите кога Еуро Актива помогнала индивидуа или семејство, поддржала концерти, фестивали и разни културно-уметнички настани, а помогнала и во развојот на спортот во Македонија.
Идеите, посветеноста, визијата и страста за развој и успех направиле денес Еуро Актива да претставува почитуван бренд во светот на бизнисот со градежништво во триаголникот Македонија-Косово-Албанија. Овој епитет за нашата компанија претставува мотив повеќе, но и обврска да го сочуваме имиџот изграден повеќе од една декада. За Еуро Актива, глобализираниот свет нуди бескрајни можности за бизнис, затоа и нејзините цели за иднината не познаваат граници.
Визии
“Да продолжиме да бидеме ефикасна компанија која работи на етички и избалансиран начин со цел добивање на привилегијата да бидеме Компанија на избор”
Ние се стремиме да ги исполниме и надминеме очекувањата на нашите клиенти за да поттикнеме долгорочни партнерства. Ние ги третираме нашите подизведувачи и добавувачи во однос на развивање тимски пристап каде што искуството се применува со посветен ентузијазам. Го цениме нашиот персонал и создаваме пријатно работно опкружување кое овозможува лично исполнување што води кон лојална и продуктивна работна сила.
Да ги одржуваме највисоките нивоа на професионалност, интегритет, чесност и праведност во нашите односи со нашите добавувачи, подизведувачи, професионални соработници и клиенти.
Посветеноста на квалитетот е стратешка определба на Еуро Актива, па поради тоа, раководството на истата се обврзува на добра професионална пракса и квалтитено давање на услуги преку примена на барањата на ISO 9001:2015.
Кулутра на компанијата
Организациската култура на компанијата e процес на создавање заеднички претпоставки, верувања, вредности, норми и симболи и на нивното прифаќање од сите или од поголемиот број на вработените. Култура насочена кон организациска пракса и тоа:
-ориентација на процес односно резултати
-ориентација на вработени во однос на работата
-ориентација на организацијата во однос на професионалниот тип на култура
-отворен однос кон затворен начин на работа
ПОДОБЕН партнер во секторот за челик. Гледањето напред е упатство за нашата историја, за нашите вредности и за нашата мисија, бидејќи кој изгледа напред не останува назад. Сигурен партнер во челичниот сектор. Ние сме сигурен партнер за нашите клиенти, вработените и сите наши засегнати страни. Довербата е предност за нашата компанија. Довербата и сигурноста се солидна основа на сите наши односи, на кои ќе се изградиме заедно за подобро утре.